Димитров: Истовремено и членство во ЕУ и решение на спорот со Грција

Македонија се надева дека направила доволно да ја убеди ЕУ да почне пристапни преговори во момент кога веќе 25 години продолжува спорот со Грција, изјави за Ројтерс, македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров.

– Доколку оствариме доволно во смисла на реформи дома, се надеваме дека ќе го достигнеме стадиумот за преговори за членство во ЕУ, и истовремено ќе постигнеме договор за прашањето за името – истакна Димитров.