605
Хрватските здравствени власти забележле т.н. „корона повратник“ во Задар. Имено, една жена која веќе го прележала вирусот, повторно е позитивна на Ковид-19, пренесоа тамошните медиуми.
Според информациите од Штабот за цивилна заштита во Задарската жупанија, едно лице е повторно позитивно на коронавирусот, по првичното опоравување.
Станува збор за постара жена која го прележала вирусот, а откако повторно ги добила симптомите, била одново тестирана и резултатот бил позитивен.
Бидејќи станува збор за специфичен случај, испратено е барање за мислење од Хрватскиот институт за јавно здравје и се очекува одговор, пренесуваат медиумите.