Жена од Германија пријавила дека била силувана во Охрид

by Fokus
Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера попладне во Охрид жена од Германија пријавила дека била силувана.

„Вчера во 16.30 часот во СВР Охрид, 42-годишна жена од Германија, со престој во Охрид, пријавила дека на 21 и 22.08.2023 во Охрид, А.О.(46) од Република Турција, со престој во Кичево, извршил обљуба врз неа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР

Поврзани новости