Уапсени двајца украински полковници кои сакале да го убијат Зеленски, по инструкции на руските специјални служби

by Fokus

Службата за безбедност на Украина (СБУ) приведе двајца полковници на Управата за државна безбедност (УДБ), кои заедно со уште тројца обвинети беа осомничени дека подготвувале атентат на претседателот Володимир Зеленски, началникот на СБУ Василиј Маљук, шефот на Главната управа за разузнавање Кирил Буданов и убиство на други високи функционери по инструкции на руските специјални служби.

Според украинскиот портал Strana.ua, приведени се полковниците на УДБ Андреј Гук и Деркач.

„Напаѓачите беа претресени, при што беше пронајдено и одземено соодветно оружје, како и други предмети што укажуваат на криминални активности“, наведуваат од СБУ.

Во соопштението се додава дека за улогата на егзекутор, осомничените барале воен персонал близок до обезбедувањето на претседателот, „кој би можел да го земе шефот на државата како заложник, а потоа да го убие“.

Од СБУ наведуваат дека сакале да го убијат Буданов пред Велигден со ракетен напад врз куќата во која се наоѓа. Според СБУ, еден од уапсените веќе набавил беспилотни летала и муниција за нападот.

Директорот на СБУ, Васил Маљук, изјави дека нападот требало да биде „подарок на Путин пред инаугурацијата“, која се случи денеска.

Поврзани новости