Стано: Тешко е да се поверува дека Пригожин навистина загина

by Fokus

Европската унија соопшти дека е „тешко да се проверат“ извештаите дека лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин загинал во авионска несреќа синоќа.

„Видовме извештај за авионската несреќа во која Евгениј Пригожин, водачот на Вагнер групата, заедно со неговата придружба и членовите на екипажот, наводно загинаа“, рече Питер Стано, портпаролот на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, на прес-конференција денес.

„Меѓутоа, како и многу други работи во Русија, ни е многу тешко да потврдиме, па не е наше да коментираме“, додаде Стано.

Стано истакна дека се добро познати „негативните акции“ на Пригожин и групата Вагнер, посочувајќи на нивното учество во војната во Украина и операциите во африканските земји.

Поврзани новости