Жбогар: Македонија ќе добие шатори, душеци и генератори од Механизмот за цивилна заштита на ЕУ

by fokus

Евроамбасадорот Самуел Жбогар на неговиот твитер-налог напиша дека Северна Македонија ќе добие помош преку Механизмот за цивилна заштита на Евопската Унија.

– Северна Македонија ќе добие помош преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, што вклучува пет генератори, 25 шатори, 200 душеци и 1.000 кебиња. Австрија, меѓу другите испраќа и ракавици и средства за дезинфекција, наведе Жбогар.

Поврзани новости