Земјотрес од 5,6 степени ја погоди Турција

by fokus

Силен земјотрес, со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, вечерва е регистриран во источниот дел од Турција, соопшти Американскиот геолошки институт.

Епицентарот на ударот се наоѓал на длабочина од 8,6 километри, на околу 15 километри источно од градот Киркагач, јавија британските медиуми.

Засега нема информации за евентуална штета или повредени.

Поврзани новости