Започна изборната кампања во Австралија

by Фокус

Владата на австралискиот премиер Скот Морисон би можела да ги загуби федералните избори што ќе се одржат на 21-ви мај, иако тие покажаа дека тој ја зацврстува својата позиција како претпочитан лидер во земјата на првиот ден од кампањата, пишува Ројтерс.

Истражувањето на Њузпол спроведено за австралискитe медиуми покажа дека Морисон би добил 44 отсто од гласовите, додека опозицискиот лидер Ентони Албанис 39 отсто, што е најголемото водство што премиерот го има пред неговиот ривал од февруари.

Но, анкетите покажуваат дека коалицијата на конзервативната Либерално-Национална Партија на Морисон, со едно место мнозинство во долниот дом на парламентот, би можела да изгуби 10 места од централно-левичарската Лабуристичка партија на Албанис во кампањата која треба да се фокусира на притисоците врз трошоците за живот, климатските промени и прашањата за надлежноста на големите партии.

Морисон ја започна својата изборна кампања од маргиналното седиште на Гилмор во Нов Јужен Велс, подготвувајќи се да ги помине наредниве шест недели патувајќи низ земјата, пренесувајќи ја својата кампања пред гласањето.

-На ова гласање треба да се направи правилен избор – рече Морисон за време на брифингот за медиумите, опишувајќи го раководството на Албанис како „непроверено и непознато“.

Албанис ги отфрли нападите на Морисон на неговото искуство како лидер, велејќи дека е „подготвен да владее“, но одби да одговори на прашањата на новинарите за каматните стапки во Австралија и бројот на невработени.

-Националната стапка на невработеност во моментов е, мислам дека е 5,4 отсто, извинете, но не сум сигурен колку точно е – рече Албанис, говорејќи за време на конференцијата за медиуми во Тасманија.

Поврзани новости