Запленети околу 30 илјади парчиња пиротехника во Тетово

by Fokus

Во уште една акција во текот на попладнето тетовската полиција заплени околу 30 илјади парчиња пиротехнички средства.  Тие се најдени кај 41 годишник од Мала Речица во објект во градот.

-Околу 17.30 часот од страна на полициски службеници од полициска станица Тетово во објект на улица Илинденска, сопственост на лицето С. М. (41) од М.Речица Тетово пронајдени му се и одземени 27 594 парчиња разни пиротехнички средства. Лицето е лишено од слобода за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.

Во текот на денот беа приведени двајца други тетовци за пиротехника. Вчера тетовската полиција приведе 27 годишен жител на Селце, тетовско кај кого беа најдени над 9 илјади парчиња пиротехнички средства и петарди.

Согласно члeн 31 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир е предвидена глоба од 200 до 500 евра во денарска противвредност.  Дистрибуирање на пазарот во поголеми количини на пиротехника е спротивно на Кривичниот законик и за тоа дело е предвидена казна затвор три до пет години

Поврзани новости