Франција од полноќ ги прекинува сите патувања од Англија за 48 часа

by Fokus

Франција од вечерва на полноќ на 48 часа ги суспендира сите патувања од Велика Британија, вклучително и оние поврзани со транспортот на стоки, по пат, авион, море или железница, посочи француската Влада по вечерашниот Совет за одбрана, одржан преку видео конференција, јави дописникот на МИА..

-Ќе бидат одобрени само товари без придружба. Протокот на луѓе или транспортот кон Обединетото Кралство не е засегнат, соопшти владата, затоа што од другата страна на Ла Манш е откриен нов вид на корона вирус, што се чини во оваа фаза од испитувања нема зголемена сериозност или отпорност на вакцината.

За време на овие 48 часа, здравствените власти мора да се договорат за нов режим на тестирање во соработка со нејзините партнери во Европската унија.

Поврзани новости