Заев и Црвенковски денеска имале средба

by Фокус 14:28
14:28

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пред малку истакна дека, денеска во 10 часот имал средба со Бранко Црвенковски. Тој не откри детали за што точно разговарале, туку само истакна дека заедно се напиле кафе.

Заев, одговарајќи на новинарско прашање го повтори ставот на СДСМ, за вчерашниот инцидент што се случи во селото Гошинце, во општина Липково. Посочи дека постојат две сценарија, односно нападот да го организирала некоја банда, или пак се да е исценирано сценарио на власта.

- Advertisements -

-Како и да е, во секој случај одговорност за овој настан треба да превземат првите луѓе на Министерството за внатрешни работи, на УБК и на Бирото за јавна безбедност, истакна Заев.

Поврзани новости