Заев: Иванов договарал тендер, Латас рекетирал компании

by Фокус 14:06
14:06

Премиерот Никола Груевски корупмирал медиуми, сопственици на медиуми и новинари, кои се откажале од обврската да ги информираат граѓаните објективно, поради лични и бизнис интереси, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес-конференција на која се објавува 24-тата „бомба“ против власта.

Според она го објави Заев, сопственикот на Сител Горан Иванов лобирал кај министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески за повисока зграда на Социјалистичката партија, предводена од Љубислав Иванов – Ѕинго, во населбата Тафталиџе. Притоа, младиот Иванов договара да победи на тендер во родното Кратово.

- Advertisements -

Понатаму, главниот уредник на Сител, Драган Павловиќ – Латас, како што рече лидерот на СДСМ, рекетира приватни фирми – да не објавува ништо за Пуцко петрол на градоначалникот на Пласница Исмаил Јахоски, доколку се рекламираат во Сител. Исто така, Латас добива помош од директорот на Управата за јавни приходи, Горан Трајковски, да негова фирма која заглавила во долгови, а преку неговите контакти успејал да ја вработува неговата сопруга во „Гама“ на работно емсто со плата од 1.000 евра.

Поврзани новости