Заев: Без опозицијата ништо не можеме да направиме во овој парламент

by fokus

Премерот Зоран Заев, на денешната комисиска расправа испрати апел до пратениците од опозицијата да размислат, како што рече, до самиот крај пред носењето одлука за уставните измени со кои ќе се спроведе Договорот со Грција. На претходен говор на прататеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Трајчо Димков, дека е најстрашно да се менува името спомнато во библијата, Заев возврати дека името само се појаснува.

-Никој не го чепка името Македонија, туку само се појаснува, било библиско или какво сака да е. Дајте да појасниме дали некој има територијални претензии. Што, ќе го освојуваме Солун? Знам дека никој нема територијални аспирации. Знам дека одговорноста за НАТО и ЕУ е на сите. Разговарав со сите пратеници и знам дека има огромен број на пратеници опозицијата на кои тешко им паѓа помислата што ако се испушти оваа шанса. Подобар договор нема, да видиме дали можеме со уставните измени да ги приближиме ставовите. Дефинитивно НАТО и ЕУ останува нешто што политички, етнички и вески не држи заедно. Вредно е да се размисли, а едноставно е да се каже не. Без опозицијата ништо не можеме да направиме во овој парламент, немаме 2/3 мнозинство. Имаме време сега и на пленарна седница, граѓаните ќе бараат одговори. Дали сме биле на ниво на историската одговорност. Дајте да ја обезбедиме оваа држава – рече Заев.

Поврзани новости