Димовски: Не е важно дали Заев ќе го има на сцена, ако донесеме погрешна одлука!

by fokus

На денешната комисиска расправа за уставни измени, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски апелираше да не се носи погрешна одлука, алудирајќи на промена на името за Договорот со Грција.

„Вашата или било чија одлука, најмалку значи ако направиме грешен потег. Дали ќе го има  Заев на сцена за пет или 10 години, или ќе го нема, е помаку важно од оваа одлука. Имаме право како држава да побараме еден предмет на македонски јазик. Прашање е дали е побарано или не. Јазикот и во самиот договор не го признава, туку се повикува на конвенција од 1977 година. Сите изјави од грчка страна викаат дека не ја признаваат македонска нација. Дури и да имавте како СДСМ како 2/3 мнозинство, ваква работа не требаше да правите сами“, порача Димовски

На неговото излагање, реплицираше премиерот Зоран Заев, велејќи му да дадат контра-предлог од неговата партија.

Поврзани новости