За еден ден 640 казни за брзо возење

by Fokus

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 640 возачи.

Информираат дека од нив 51 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а седум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа 320 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 320 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Поврзани новости