Се шпекулира во Минск дека Лукашенко е тешко болен

by Fokus

Белорускиот претседател Александар Лукашенко не е виден во јавноста од вторникот, што ги подгреа шпекулациите дека е тешко болен.

Државната новинска агенција БелТА објави дека премиерот Роман Головченко ја прочитал пораката на Лукашенко на годишната церемонија на која двајца млади полагаат заклетва пред знамето на поранешниот Советски Сојуз.

Агенцијата не ја наведе причината за отсуството на Лукашенко, пет дена откако тој беше во Москва за да ја прослави победата на Советскиот Сојуз над Германија во Втората светска војна. Но и тогаш изгледаше лошо и не остана до крајот.

Лукашенко исто така не зборуваше на слична церемонија во Минск, за првпат во неговото долго владеење. Тоа беше последен пат кога беше виден во јавноста.

Како што јави опозицискиот портал Еурорадио, Лукашенко (68) во саботата бил префрлен во елитна клиника во Минск.

За неговото здравје пишува и рускиот весник Комерсант, повикувајќи се на белоруските опозициски медиуми. Руските медиуми ретко пишуваат за здравјето на руските лидери или лидерите на сојузничките земји.

Министерот за надворешни работи на Белорусија, Сергеј Алејник, денеска треба да пристигне во тридневна посета на Москва, соопшти минатата недела руското Министерство за надворешни работи.

Поврзани новости