562
Вчера и денес биле направени 900 тестирања од корона вирусот во Дебар и Центар Жупа, а во рамките на скринингот кој се врши од страна на Министерството за здравство, објави Радио Слободна Европа.
Тие се повикуваат на изјава на раководителот на единицата за јавно здравје во Дебар, епидемиологот Ментор Мела.
Мела додава дека во Дебар се пристигнати 2.342 тестови и во реализацијата на тестирањето се вклучени 17 матични лекари, гинеколози и педијатри од двете општини каде што беа регистрирани првите болни од вирусот КОВИД-19.
Мела додава дека тестирањето се одвива без проблеми, како во Дебар, така и во општина Центар Жупа.