495
Кинескиот град Вухан, главен град на провинцијата Хубеи и местото каде се појави коронавирусот, по 76-дневна изолација и блокада од вчера се враќа во нормала.
Откако во петокот повторо се отвори службата за венчавки, барањата за склучување брак во Вухан се зголемиле за 300 отсто. Тоа, пишуваат светските медиуми, може да се толкува и дека голем број на врски кои го „преживеаја“ изминатиот период решаваат тоа да го прослават со преминување на следното ниво – брак.
Сепак, по долгото време на изолација, се претпоставува дека и бројот на разводот би можел да се зголеми.