За 24 часа, 353 смртни случаи од корона вирус во Франција

by Fokus

Според здравствениот билтен на француските здравствени власти во последните 24 часа се регистрирани нови 353 смртни случаи.

Од почетокот на епидемијата Франција брои 93.790 потврдени случаи на заразени со Ковид-19 (3114 повеќе од вчера), а епидемијата ја предизвика смртта на 13.832 лица од 1 март, односно 353 нови смртни случаи во последните 24 часа.

На болничко лекување се наоѓаат 13.832 лица, односно 6.883 случаи на интензивна нега. Трет ден по ред се забележува намалување на пациентите на интензивна нега.

Поврзани новости