Националната ветеринарна школа од Тулуз соопшти дека е тестирана втора мачка во Франција која е позитивна на корона вирусот, откако веројатно е заразена од нејзините сопственици, јави дописникот на МИА.
-Ова е втор случај пријавен во Франција од природна инфекција на мачка, по првиот случај идентификуван во близина на Париз на 2 мај. Помалку од десетина случаи се опишани ширум светот до денес “, вели во соопштението на Националната ветеринарна школа од Тулуз (ЕНВТ).
Оваа „нова мачка заразена со вирусот САРС-КоВ-2 е идентификувана во Бордо“ од ЕНВТ.
-Како и во претходно идентификуваните случаи ширум светот, мачката живееше со луѓе за кои се сомневаа дека биле заразени со Ковид-19, велат од ЕНВТ.
Животното „страдало од респираторни нарушувања“ и „кашлицата опстојувала и покрај антиинфективниот и антиинфламаторниот третман“.
Мачките не се сметаат дека се актери во човечката пандемија, се вели во соопштението. Инфекцијата на мачките секогаш била опишана како последица на човечка инфекција.
Во своето мислење од 20 април, француската здравствената агенција заклучи дека во светло на достапните научни сознанија, нема докази дека миленичињата и животните кои се одгледуваат играат епидемиолошка улога во ширењето на вирусот САРС-КоВ-2 “, се додава во соопштението. ЕНВТ заклучува дека „овој втор случај опишан во Франција на инфекција со мачки, не ја менува оваа научна анализа“.