700
Српската полиција соопшти дека во голема акција се уапсени 6 лица, членови на организирана криминална група, која неколку месеци изготвувала негативни ПЦР тестови за Ковид 19 и ги продавале за цени од 100-800 евра.
Тие дејствувале во периодот од јануари до август годинава.
Се вршат претсреси на повеќе локации а евентуално пронаоѓање докази за вклученост и на други лица.
Пред два месеца за првпат беше објавено дека во Ниш се купуваат фалсификат ПЦР тестови, за непречено патување во Грција и на други дестинации во тој период.