Во Србија нови 299 заразени со Ковид-19 и седумина починати

by fokus

Во Србија до 15 часот се регистрирани 299 нови случаи на заразени со корона вирусот, од направени 10.033 тестови, починале седум лица, додека 3.224 се хоспитализирани, објавено е на веб-страницата covid19.rs.

Од почетокот на пандемијата во Србија починаа 621 лице, а 120 пациенти се на респиратори.

Досега се потврдени вкупно 27.332 случаи на инфекција во Србија, а тестирани се 723.137 примероци.

Поврзани новости