483
Словенечките здравствени власти објавија дека изминатото деноноќие се направени 1.459 нови тестови за корона вирусот од кои позитивни биле само девет, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Според истите податоци има намалување на бројот на пациенти кои болнички се лекуваат од Ковид- 19. Во здравствените центри низ земјата сега се хоспитализирани вкупно 82 лица, од кои 24 поради потешка клиничка слика се наоѓаат во одделите за интензивна нега.
Изминатите 24 часа поради Ковид-19 починаа уште две лица, а осум се отпуштени од болница и се евидентирани како оздравени.
Словенија досега вкупно направи речиси 40.000 тестирања за корона вирусот.