Во Словенија нема нови заболени од корона вирусот, а биле направени 909 теста

by fokus

Во Словенија во изминатите 24 часа починало едно лице од корона вирусот, со што бројот на смртни случаи се искачи на 105. Во истиот период нема нови случаи, а тестирани биле 909 лица.

Бројот на потврдени случаи на корона вирус е 1.468. Вчера беше потврден само еден случај.

Според најновите податоци што ги објави словенечката Влада, во болница се лекуваат 21 пациент. На одделенијата за интензивна нега се лекуваат тројца пациенти.

Во Словенија досега се тестирани 72.860 лица.

Словенија е една од првите земји во Европа што прогласи крај на епидемијата, но некои мерки сè уште остануваат на сила.

Поврзани новости