Во Русија починаа над 6.000 пациенти заразени со Ковид-19

by fokus

Во Русија бројот на починати од корона вирусот денес надмина 6.000. Во последните 24 часа починал уште 171 пациент, додека еден ден претходно починале 112.

Вкупно од Ковид-19 починале 6.142 лица, соопшти кризниот штаб.

Дневниот раст на бројот на заболени е 8.595, а вкупно од почетокот на епидемијата во таа земја со Ковид-19 се заразиле 485.253 лица. Излекувани се вкупно 242.397 луѓе.

Русија денес ги отвора границите за своите граѓани кои имаат потреба да одат во странство за работа, лекување и школување.

Во Москва денес е укинат режимот за самоизолација, дозволено е слободно движење и отворање на музеите, библиотеките и занаетчиските работилници.

Понатамошното ублажување на мерките ќе следи во уште две етапи, на 16ти и 23ти јуни.

Воената парада во чест на денот на победата 9ти мај е поместена и ќе биде одржана во Москва на 24 јуни, додека на 1ви јули во Русија ќе биде одржан референдум за промена на уставот.

Поврзани новости