Во последното деноноќие регистрирани се 29 починати од корона, најмладиот има 33 години

by fokus

Во последните 24 часа регистрирани се 29 починати лица по комликации од вирусот Ковид-19.

Сите починале во болнички услови, дванаесет пациенти се од Скопје (72, 75, 80, 70, 84, 54, 64, 33, 78,78,48 и 64г.), два пациенти од Куманово (63 и 82г.), три пациенти од Прилеп (76, 67 и 87г.), двајца од Тетово (65 и 72г.), пациент од Струга (81г.), двајца од Велес (77 и 80г.), два пациенти од Битола (64 и 65г.), двајца од Гостивар (63 и 74г.), пациент од Валандово (83г.) и двајца од Кичево (78 и 73г.).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 77134, бројката на оздравени пациенти е 52949, на починати е 2254, а бројот на активни случаи изнесува 21931.

Поврзани новости