Во Полска се урна воен дрон

by Fokus

Воено разузнавачко беспилотно летало се урна во вторникот вечерта во југозападна Полска, јави приватната телевизија RMF FM.

Дронот бил пронајден во шумата во близина на селото Трзебиен, откако случаен минувач повикал брза помош и рекол дека видел предмет како паѓа во областа, соопшти РМФ.

Областа каде што падна дронот е во близина на центар за воена обука. Александар Кучарчик од противпожарната служба во Вроцлав за РМФ изјави дека во инцидентот нема повредени и дека претставникот на армијата му рекол дека се работи за извидувачки дрон.

Не е јасно од каде потекнува дронот. Полското Министерство за одбрана не одговори веднаш на барањето за коментар.

Поврзани новости