ЦИА: Путин верува дека одмаздата се служи ладно, смислува како да се справи со Пригожин

by Fokus

Директорот на ЦИА Вилијам Барнс тврди дека рускиот претседател Владимир Путин веројатно сè уште размислува како да се справи со шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин. Пред еден месец, платениците на „Вагнер“ и нивниот шеф водеа бунт во Русија.

„Бунтот на „Вагнер“ откри значајни слабости во системот на моќ што го изгради Путин. Путин сè уште бара одмазда против Пригожин“, рече Бернс вчера на форумот за безбедност во Аспен, пишува Би-би-си.

Пригожин се пресели, но не е јасно каде е сега бидејќи неодамна беше во главниот град на Белорусија, Минск, но и во Русија.

Шефот на ЦИА смета дека Путин се обидува да купи време додека да смисли како најдобро да се справи со Пригожин.

Платениците на Вагнер сè уште имаат вредност за руското раководство во места како Африка, Либија и Сирија, така што Путин најверојатно ќе се обиде да ја одвои групата од нејзиниот водач, рече Барнс. Тој додава дека Путин би можел да чека со одмазда.

„Путин е некој кој мисли дека одмаздата е јадење кое најдобро се служи ладно. Според моето искуство, Путин е врвниот апостол на одмаздата, па би се изненадил ако Пригожин избегне понатамошна одмазда“, рече Барнс.

Претходно овој месец, американскиот претседател Џозеф Бајден посочи дека постои ризик шефот на Вагнер да биде отруен. „Да бев на негово место, ќе внимавав што јадам. Ќе внимавав на моето мени“, коментираше Бајден.

Директорот на ЦИА е на исто мислење како Бајден. „Да бев на местото Пригожин, немаше да го отпуштам мојот дегустатор на храна“, рече тој, додавајќи дека ЦИА има информации за бунтот на Вагнер.

Поврзани новости