Во Битола приведен осуденик, ги нападнал полицајците што го апселе

by Fokus

Полицијата вчера во Битола уапсила осуденик, кој се бара за издржување затворска казна од шест години и три месеци, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На 20.07.2023 на ул.„Караорман“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Д.Џ.(22) од Битола. Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од шест години и три месеци за сторени кривични дела по член 238, 242, 236 и 396 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.

Како што соопшти МВР Д.Џ. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Прилеп за издржување на казната.

„При лишувањето тој физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија за што ќе му биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.

Поврзани новости