624
Во тек е увид во осма конфекциска фабрика во Штип за тоа дали се почитуваат мерките за заштита откако вчера таму беа регистрирани три позитивни случаи на корона вирусот, соопшти директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова.
-Епидемиологот треба да увиди дали во конфекцијата се почитуваат препораките за заштита, како од страна на работодавецот така и од страна на работниците, односно дали меѓу машините има доволно растојание, како и дали работниците ги почитуваат мерките со носење на заштитни маски, вели Димитрова.
Исто така, се чекаат и резултатите од првите контролни тестови за 53-те работнички, и од скринингот на вработените во најголемата штипска градинка „Астибо“, каде што се тестирани над 130 вработени.