Во наративот на ВМРО-ДПМНЕ се врати тиранската платформа

by Фокус

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ утрово повторно реагираше во однос на Законот за јазици, кој, според партијата, е противуставен и неприминлив бидејќи беа прекршени голем број процедури при неговото усвојување.

„Македонските гласачи не гласаа за спроведување на точки од платформи потпишани во соседни држави кои ќе придонесат кон нови поделби помеѓу граѓаните. Граѓаните во огромен број се спротивставуваат на ваквото законско решение. Законот ги надминува рамките на уставот. Заев уште еднаш ги излажа граѓаните кога ја потпиша изјавата кај Претседателот Иванов во која се обврза дека ќе биде гарант на уставниот поредок и нема да носи закони кои ќе бидат спротивни на уставот“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека одлуката на претседателот да не го потпишува Законот за двојазичност е целосно исправна и државничк во интерес на сите граѓани.

Поврзани новости