СДСМ се пофали со мостот меѓу Аеродром и Гази Баба што го најави Шилегов

by Фокус

Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов ја започна постапката за изградба на нов сообраќаен коридор и мост на реката Вардар што ќе ги поврзува општините Гази Баба и Аеродром, со што ќе се обезбедат услови за поефикасен и посигурен сообраќај во Скопје.

„Проектот за пробивање на овој сообраќаен коридор, освен изградба на нов 120 метарски мост преку Вардар во населбата Керамидница, предвидува  и пробивање на нов и реконструкција на стар булевар во вкупна должина од 2.170 метри, 6 коловозни ленти, велосипедски патеки во двете насоки, пешачки патеки и дрвореди, како и воведување на нови автобуски линии на јавниот градски превоз“, велат од СДСМ.

Од таму додаваат дека СДСМ преку централната и локалните власти што ги предводи продолжува да работи одговорно, отчетно и посветено во спроведување на мерките што обезбедуваат инфраструктурен развој, економски раст и квалитетни услови за живот за сите.

Поврзани новости