Министерот за економија Крешник Бектеши потрошил најмногу пари за угостителски услуги во споредба со сите други министри по форирањето на актуелната влда во мај минатата 2017 година.
Според алатката на владата за трошоците на јавните функционери, Бектеши потрошил над 14 илјади евра за угостелски трошоци, при што 7.300 евра биле во надворешни угостителски објекти во земјава, 5.100 евра биле во мензи и бифеа во рамки на институтициите, додека 1.500 евра во ресторани во странство.
Следен на листата според трошоците за угостителски услуги е вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, кој за истата намена потрошил близу 13 илјади евра, а трет неговиот сопартиец кој поднесе оставка од министерската функција за правда, Биљен Салији, со потрошени 12 илјади евра.
За истата намена, министерот за култура Роберт Алаѓозовски потрошил нешто помалку од 9 илјади евра, министерот за земјоделство Љупчо Николовски потрошил над 7 илјади евра.
Своевиден куриозитет е што министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој по природата на својата функција постојано патува и оддржува средби, потрошил помалку од сите нив во ресторани дома и надвор, или само 2.500 евра.
Најскромни биле министрите за транспорт и врски и внатрешни работи, Горан Сугаревски и Оливер Спасовски, кои потрошиле по околу 500 евра.