Во моментот има 2.829 активни случаи на Ковид-19, од кои 884 во Скопје

by fokus

Вкупната бројка Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.914, бројката на оздравени пациенти е 10.507, на починати е 578, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.829.

Во Скопје има најголем број на активни случаи, односно 884, а потоа следуваат Куманово со 361, Гостивар со 286, Штип со 228, Тетово со 180 и Кавадарци со 90 активни случаи.

Од скопските општини, пак најголем број на активни случаи има во Чаир-117, Гази Баба-112, Аеродром 104, Кисела Вода 98 , како и Карпош и Центар по 91 случај.

Поврзани новости