Во Козле се лекуваат 8 деца заразени со Ковид-19 и две суспектни на вирусот

by fokus

Од 2.640 активно заболени од корона вирусот, на болничко лекување се наоѓаат 306 пациенти. .

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 71 пациенти. На кислородна поддршка се 41, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 8 позитивни деца, две мајки и две деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 39 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 12, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 108, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Поврзани новости