Во кафеани се давал алкохол и на малолетници, казнети угостителите

by fokus

Во акциска контрола на угостителски објекти на територија на цела држава синоќа полицијата затекнала малолетници на кои им бил точен алкохол. Контролата е спроведена од полноќ до 4 часот утринава во 279 угостителски објекти.

Од Министерството за внатрешни работи денеска информираат дека се констатирани шест прекршоци за присуство на малолетници во угостителски објекти по дозволеното време, две кривични дела „точење алкохолни пијалаци на малолетници“, девет прекршоци од Законот за регистрирање на готовински плаќања и три прекршоци од Законот за лична карта.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Поврзани новости