726
Поради близок контакт со лица позитивни на корона вирус, во Кавадарци 18 лица се наоѓаат во домашна изолација.
Веста дека во Кавадарци моментално има 18 лица со Решение за изолација ја потврдија од СВР Велес.
Во Кавадарци веќе одреден период нема активни случаи на вирусот, па најверојатно лицата биле во контакт со инфицирани од други општини.
На осум од овие лица Решението им е издадено вчера, додека останатите десет се од пред неколку дена.
Во останатите општини од вардарскиот регион, односно во Велес, поради контакт со инфицирани, во изолација се наоѓаат 63 лица, а пак во Неготино бројот изнесува 15.
Вики Клинчарова