643
Индија денеска забележа најголем број смртни случаи од коронавирус по повеќе од еден месец, 1.133, иако стапката на нови инфекции е забавена, според податоците на Министерството за здравство.
Министерството за здравство соопшти дека 1.133 лица починале од ковид-19 во изминатите 24 часа, најмногу од јули, и дека бројот на починати се искачи на вкупно 72.775 лица.
Сепак, 75.809 биле заразени за еден ден, најнизок број за една недела.
Индија вчера го надмина Бразил и стана земја со најмногу заразени по САД.