Во Хрватска нови 312 заразени со корона вирусот

by fokus

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 312 нови случаи на корона вирусот со што бројот на активни случаи се искачи на 2.654.

Од нив, 211 пациенти се хоспитализирани, од кои 12 на респиратор. Три лица починале во изминатите 24 часа.

Од 25 февруари, кога е забележан првиот случај на Ковид-19 во Хрватска, регистрирани се 9.861 случај, од кои 183 починале, а 702 оздравеле. Во самоизолација се 9.148 лица.

До денес тестирани се 165.716 луѓе, од кои 3.415 во последните 24 часа.

Поврзани новости