601
Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани 265 новозаразени со корона вирусот и еден смртен случај од Ковид-19.
Како што беше соопштено на прес-конференцијата на Штабот за цивилна заштита, во Хрватска во моментов има 1.842 активни случаи.
Министерот за здравство Вили Берош изјави дека денешниот број на заразени лица е без екстремни отстапувања од претходните денови.
– Тоа е последица на тоа што Хрватска беше отворена за туризам, оцени хрватскиот министер.