Во Хрватска нови 262 заразени од корона вирусот

by fokus

Во Хрватска се потврдени 262 нови случаи на зараза со коронавирус, а бројот на активни случаи во таа земја достигна 2.727.

Од заболените хоспитализирани се 229 пациенти, а на респиратор се 13 лица, пренесува хрватски Индекс. Уште едно лице почина.

Во Хрватска од почетокот на епидемијата се потврдени 10.123 случаи на коронавирус, 184 лица се починати, а 7.212 пациенти се излечени.

Во Хрватска од денеска податоците за бројот на новозаразени ќе бидат објавувани во 10 часот, а не како досега во 14 часот.

Поврзани новости