Во чест на четворицата трагично загинати сограѓани, турнир во мал фудбал во Ињево, со награден фонд од околу 4.000 евра!

by fokus

Од денеска, па се до 23-ти јули трае пријавувањето на екипите за големиот меморијален турнир во мал фудбал во село Ињево кај Радовиш.

Како што информираат од организацијата, котизацијата за учество е 3.000 денари, а наградниот фонд за прво место две илјади евра, за второ 1.000 евра, за трето 500 евра и четврто место 15.000 денари.
Предвидени биле и награди за најдобар играч, најдобар стрелец и најдобар голман.

Наградите биле обезбедени од страна на дијаспората во Ињево.

Турнирот во Ињево се организира по повод сообраќајна несреќа на нивни сограѓани, која се случила пред 20 години, во август 2003 година. Во истата починале четири млади лица кои биле големи поддржувачи на спортот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости