Во Британија 22-годишна девојка е најмладата жртва на корона вирусот, претходно немала здравствени проблеми

by fokus

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 475.052 луѓе заразени со новиот корона вирус. Од нив починати се 21.357, а оздравеле 114.787 лица.

– Бројот на новозаразени со корона вирусот во Италија се намалува четврти ден по ред, што укажува на стабилизирање на амплитудата на епидемијата.

– Вкупниот број на заразени лица со корона вирус во БиХ се зголеми на 185, соопштија ентитетските и жупаниските министерства за здравство во земјата.

– Нови 14 лица се заразени со Ковид-19 во Црна Гора, со што вкупниот број достигна 67, соопшти Институтот за јавно здравство.

– Финската Влада најави целосна изолација на Хелсинки и околината од остатокот на земјата. Мнозинството од вкупно 880 заразени лица во Финска се од тој регион.

– Москва од утре до 5 април ги затвора сите објекти, освен продавниците за храна и аптеките, изјави градоначалникот Сергеј Собјањин.

– Во Јужна Кореја се регистрирани нови 104 случаи на заразени со коронавирус, со што вкупниот број изнесува 9.241.

– Бројот на починати во САД заклучно со вчерашниот ден достигна 1.033, а заразата е потврдена кај 68.572 лица. Во американската сојузна држава Њујорк има најмногу починати и заразени од Ковид-19.

– Британката Клои Мидлтон, која почина на 22-годишна возраст, е најмладата жртва на новиот корона вирус во Велика Британија. Пред да се зарази со Ковид-19 таа немала никакви здравствени проблеми.

– Во Србија има 81 новозаразено лице и сега се вкупно 384. Четири лица се починати од коронавирусот.

– Поранешниот британски премиер Гордон Браун предложи создавање на времена светска влада во борбата против коронавирусот. Тој смета дека во таа влада треба да бидат претседателите на сите водечки земји, но и лекари и членовите на Советот за безбедност на ОН.

– Во Унгарија од коронавирусот почина 37-годишен британски дипломат, потврди британското Министерство за надворешни работи.

– Во Кина не се забележани нови локални случаи на заразени лица со коронавирусот, но е зголемен бројот на „увезени“ од странство.

Поврзани новости