Во болниците во Вухан веќе нема заболени од Ковид-19

by fokus

Во болниците во кинескиот град Вухан, од каде тргна пандемијата со корона вирусот, веќе нема заболени од Ковид-19, изјави денеска портпаролот на Националната здравствена комисија, Ми Фенг.

– Последната вест е дека на 26 април, бројот на новозаболени од корона вирус во Вухан  е нула, благодарение на заедничките напори на градот и медицинскиот персонал од сите кришта на земјата – рекол Ми на прес конференција за новинарите, пренесува Ројтерс.

Во Вухан беа пријавени 46.452 случаи на Ковид-19, што е 56 отсто од бројот на заразени во Кина. Во тој град починаа 3.869 лица, што е 84 отсто од вкупниот број починати од Ковид-19 во земјата.

Поврзани новости