Во болница се хоспитализирани 366 заразени со корона вирусот

by fokus

Во моментот во болница се лекуваат вкупно 366 пациенти од активните 2.626 заразени со корона вирусот.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 82 пациенти од кои  на кислородна поддршка се 40, а нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 1 дете и 1 мајка позитивни на Ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ хоспитализирани се 33 пациенти од кои двајца се на респиратор.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 13, а во болницата во Штип се 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 187, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Поврзани новости