Во БиХ се регистрирани 108 нови заразени и шест смртни случаи од Ковид-19

by fokus

Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина се регистрирани 108 ново заразени и шест смртни случаи, од кои 44 новозаразени и еден смртен случај во Република Српска.

Федералниот институт за јавно здравје соопшти дека биле анализирани 1.050 примероци, од кои 58 биле позитивни за САРС-КоВ-2.

Досега, вкупно 102.892 примероци се тестирани во ФБиХ, а САРС-КоВ-2 е потврден кај 9.659 лица.

Заклучно со денес, во Федерацијата БиХ се опоравиле 6.092 пациенти, додека моментално активни се 3,338 случаи позитивни на САРС-КоВ-2.

Во изминатите 24 часа, пет смртни случаи биле пријавени во Институтот за јавно здравје на Федерацијата БиХ.

Поврзани новости