Во Белгија над 6.200 починати од корона вирусот

by fokus

Белгиските здравствени власти информираа дека е надминат прагот од шест илјади починати од Ковид-19, јави дописничката на МИА од Брисел.

Последните информации од дневниот брифинг на кризниот штаб за корона вирусот на белгиските здравствени власти се дека во последните 24 часа се потврдени нови 933 случаи на заболени, хоспитализирани се нови 263 пациенти во болниците низ земјата, а починати се 266 лица.

Вкупниот број починати од почетокот на пандемијата во Белгија изнесува 6.262. Нешто помалку од педесет отсто од починатите се во старечките домови.

Министерството за здравство смета дека пикот на смртност е надминат на 12 април.

-Бројките се охрабрувачки, не треба да брзаме, треба да продолжиме да ги почитуваме мерките до трети мај, нашето однесување денес ја одредува нашата иднина. Колективните напори вродија со плод, но овој вирус е жилав и мораме да останеме мотивирани, изјави портпаролот на штабот, Беноа Рамакер.

Поврзани новости