ВМРО-ДПМНЕ во понеделник ќе го поднесе предлог-законот за амнестија, од СДСМ веднаш го одбија

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ во понеделник ќе го поднесе предлог-законот за амнесија до Собранието. Од опозициската партија ќе бараат тој да се носи по скратена постапка.

Но, уште и пред да стигне предлог-законот од СДСМ експресно го одбија.

-Предлогот на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е буквално брутален упад во правосудството. Како одговорна и државотворна партија се водиме да го почитуваме принципот на правна држава и во таа насока може да зборуваме за подавање рака, може да зборуваме за помирување, но никако не може да зборуваме за амнестија, која што де факто значи упад во правосудниот систем, одговори пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов, на новинарско прашање каква ќе биде позицијата на пратеничката група на социјалдемократите за предлог-законот за амнестија.

Поврзани новости