ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски служи како испомош кога Заев ќе падне во криза

by Фокус

Стево Пендаровски покажа дека работи како продолжена рака на Зоран Заев и денес настапи каков негов слуга наместо како слуга на народот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ кон интервјуто на Пендаровски на Сител.

„Неговото бледо издание практично значи споделување на одговорноста за фијаското кое и се случува на државата на економски, политички и здравствен план. Бидејќи Пендаровски не е задоволен од функционирањето на кризниот менаџмент со корона кризата, прашањето е што тој направи за да го смени тоа, освен што ја гали суетата на најнеуспешниот премиер во историјата на земјата Заев и служи како испомош секогаш кога Заев ќе западне во криза. Впрочем дека Стево Пендаровски не е искусен за позицијата која ја има се зборови на самиот Заев“, велат од ДПМНЕ.

Од опозициската партија додаваат дека Пендаровски во однос на интеграцијата кон ЕУ прераскажува состаноци, лични впечатоци и лични мислења.

„Нема базично познавање на поимите Европска економска зона и Европска економска заедница, треба да понесе одговорност за тоа што еднострано, вонинституционално одлучил и отфрлил земјава да биде членка на значајна организација како што е Европската економска зона. Негова вина и резултат на општа неспособност на овој државен врв е што не се избори за членство во Европската економска зона и членство во Европската Унија, а не да се наметнува состојба на избор „или едното, или другото“, истакнуваат од партијата.

Поврзани новости