ВМРО-ДПМНЕ: Ќе предложиме техничка влада без да гласаме за Џафери за премиер

by fokus

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение повторија дека остануваат на ставот да предложат министри и заменици за техничката влада, без да го гласаат техничкиот премиер Талат Џафери.

-Остануваме на ставот дека нема да гласаме за составот на Влада, а на СДСМ е дали ќе одбере да ги почитуваат законите или ќе ги крши, со што ги открива намерите за загрозување на изборниот процес, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Правото не познава предлози за министри со „празно место”, велат од ВМРО-ДПМНЕ, Владата не се гласа поединечно, туку во целина.

Премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски вчера во изјава за медиумите рече местата кои со закон и следуваат на опозицијата во техничката влада треба да останат празни додека ВМРО-ДПМНЕ не даде глас за таа влада. Тој го повика идниот мандатар Талат Џафери да направи влада во која министерските и дополнителните заменички министерски места ќе останат празни, а кога ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучи да ја поддржи техничката влада, тогаш да се вметнат нивните министри.

Поврзани новости